Метеоролозите предупредуваат: Силно невреме и бура ќе го зафатат Балканот


Европскиот Метеоролошки Институт – Естофекс денеска издаде предупредување од второ ниво во кое предупредува на бура, која може да го зафати подрачјето на Словенија, Црна Гора, БиХ и Хрватска.nevreme-640x432 (1)

Според предупредувањето, реонот го очекува бура, поројни дождови, заладување и силен ветер. Невремето ќе започне кон средината на денов, а подобрување на времето се очекува дури в четврток.

Влошување на временските услови веќе е регистрано во некои делови на Хрватска. Високи бранови поплавија неколку улици на островот Паг.

Во Риека утринава паднаа поројни дождови, проследени со грмотевици.

Страшно невреме ги погоди одредени делови од западниот и јужниот дел на Србија. Најтешко било во Ужице, Пожега, Пријепоље и Нови Пазар.

На подрачјето на општина Пожега за неполни 2 часа паднале од 18 до 32 литри дожд на квадратен метар, пренесува РТС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1