Мицкоски: 11 Октомври е пример за македонскиот непокор и мора да го почитуваме и чуваме


Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-На овој голем ден Македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и нивните на цела една плејада нивни претходници. Целта на востаниците кој се кренаа против фашистичкиот окупатор беше остварување на вековниот стремеж за создавање на независна и суверена, Република Македонија. Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа. Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка, стои во честитката аи се додава:

„Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество. Ова се работите кои сите заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина, да ги споделуваме европските вредности и да се избориме за европската перспектива на Република Македонија“.

И да не заборавиме, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, 11 Октомври е пример за македонскиот непокор. Аманетот кои овие херои ни го оставија мора да го почитуваме и чуваме, продолжувајќи ја нивната мисла и дело.

-Честит 11 Октомври.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1