Мицкоски: Ако Гаши мисли дека иднината на Македонија е Влада од СДСМ, жалам имаме различен став


На денешната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Илинден на новинарско прашање за очекувањата од денешната средба Заев-Гаши тој рече дека доколку Гаши мисли дека Влада предводена од СДСМ е иднината на Македонија имаат различен став.

  • Па јас сега не би можел да бидам во чевлите на господин Гаши и на господин Заев, претпоставувам тие ќе имаат дискусија околу тоа каква ќе биде понудата на Заев, каков ќе биде одговорот на Гаши, можеби после средбата јавноста ќе биде запознаена со текот на средбата. Јас ги знам ставовите на господинот Гаши бидејќи имаме дневна комуникација за фукционирањето на оваа Влада, но тој е претседател на политичка партија која што си има своја структура има раководство, соработници и претпоставувам ќе одлучи најдобро и ќе донесе одлука која што ќе биде најдобра за неговото членство, за граѓаните на Македонија, но и за иднината на Македонија. Доколку тој мисли дека иднината на Македонија Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, тогаш жалам но ние имаме различен став по тоа прашање и мислиме дека таква Влада што ќе ја предводи СДСМ не само што не е иднина, туку е враќање во минатото, враќање во неуспесите, нереформите, криминалот, корупцијата, неуспесите во здравството, неуспесите во образованието, неуспесите во економијата, рече Мицкоски.

Кастриот Реџепи беше меѓу главните критизери на владата предводена од СДСМ и ДУИ се потпиша како 61 на оној список кој требаше да биде список за гласање недоверба на владата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Илинден.

Јавноста, додаде тој, е сведок што се случуваше.

„Доколку тој, Кастриот Реџепи веруваше дека иднината која ја споменува, можеше да дојде и да гласа по своја волја. Но, сите знаат дека причината е сосема друга и поинаква“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека Реџепи бил спречен да дојде и да гласа на седницата за недоверба на владата.

„Искрен да бидам, тој треба да даде одговор на прашањата, но за мене е загрижувачки дека најавите од источниот сосед се дека ќе продолжи агонијата за влез во ЕУ, а јас апелирам до меѓународните претставници да и го дадат на Македонија заслуженото, да почнеме да преговараме и да ги покажаме вредностите кои ги практикуваме, а тоа се вистинските европски вредности“, кажа Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1