Мицкоски: Едногласна беше одлуката за одложување на изборите, се бара правен основ


Едногласна беше одлуката на лидерите на политичките партии дека здравјето и безбедноста на граѓаните се пред се и оти е неопходно да се одложат претстојните параламментарни избори што беа закажани за 12 април.

Тоа го изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, останува да се најде правен начин како тие да се одложат без да се повредат Уставот и законите, а за тоа, рече, правни експерти попладне ќе се состанат со претседателот Стево Пендаровски и ќе дадат мислење. Тој смета дека нема правен основ да се свика повторно Собранието и оти затоа треба да се бараат други начини.

– На средбата имаше неуставни предлози да се свика Собранието повикувајќи се на некои минати искуства, но од наша страна беше аргументирано дека тие искуства со ова што денеска е реалност во Македонија не може да се споредат. Ситуацијата и состојбата не се исти и не само тоа. Тогаш одлуката што ја носеше Собранието беше со одложено дејство и поради таа причина тогашниот Уставен суд донесе одлука бидејќи не познава Уставот одлука со одложено дејство, туку донесена или недонесена одлука и затоа Собранието мораше двапати да се враќа, рече Мицкоски по лидерската средба што се одржа кај шефот на државата.

Тој додаде дека заради тоа ставот на партијата е дека по овој состанок е потребно експерти по уставо право да најдат правен фундамент за одлука која ќе овозможи одложување на предвремените парламентарни избори.

Во врска со начините за справување со ширењето на коронавирусот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата смета оти не е потребно во моментов да се прогласува вонредна состојба, особено, затоа што, како што рече, иако е предвидена во Устав нема закон кои институции како би функционирале.

Затоа, смета тој, треба да се размислува за 30 дневна кризна состојба на целата ситуација, а дури потоа експертските да дадат мислење и да се прогласи вовредна ситуација, која во услови на распуштено собрание би ја донел претседателот Пендаровски. За кризна состојба, вели има Закон за управување со кризи согласно кој можат да се одвиваат сите активности.

Мицкоски истакна дека како партија остануваат проактивни и ќе дадат придонес во справувањето со сотојбата на ширење на коронавирусот. Треба рече тој да се размислува и за економски мерки кои колку толку ќе помогнат во санирање на штетите во економијата што ќе ги предизвика ширењето на коронавирусот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1