Мицкоски: Илинден е потсетник дека не смееме да скршнеме од патот натопен со крв на хероите


„Денес Македонија ги празнува двата светли Илиндена- првиот кој беше крик на поробениот народ, и вториот таа 44-та кој беше продолжение на првиот и кој значеше крунисување на нашата борба за своја Македонска држава “, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска присуствуваше на одбележување на празникот 2-ри Август, Илинден во село Ташмаруниште, Струга.

„И секогаш кога ќе се спомене Илинден треба да се има во предвид дека Илинден не е почетокот, туку влегувањето во финишот на една вековна борба за слобода, каде многу генерации херои и хероини ги положија своите животи. Илинден не само Крушевското востание туку многу повеќе од тоа, воскрикот на Македонецот, на секоја педа македонска почва. Илинден е и отпорот и пркоста на Тамшаруништа, жилавоста на битолските и охридските комити и војводи, отпорот на секој слободно мислечки Македонец против тогашната власт која притискала, прогонувала и заробувала“, потенцираше Мицкоски и додаде:

А ВМРО, ВМРО е темелот на Илинден, составен дел од таа борба за слобода. И затоа ВМРО му припаѓа на Македонецот. Тоа е неговиот сопатник и пријател низ времето. Вториот Илинден е само продолжение на тоа каде се стигнало со првиот. Партизаните кои го носат пламенот на слободољубието наследен од Илинденците конечно победуваат и ја плаќаат високата цена за денешната слобода. Во таа борба подеднакво се големи сите титани кои се нашите македонски апостоли на кои имаме и историско и културно право да се повикуваме!

Гоце Делчев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, беше идеологот на таа борба за слобода чија судбина не сакаше да го дочека Илинденското востание но неговото име и чест продолжи да живее.

„Тука се и Даме Груев, Татарчев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Христо Узунов, Методиј Патчев, се до Ченто, Пирузе, Панко, Апостолски. Сите се ова македонски синови од кои не смееме и немаме ниту историско право да се одречеме ниту да го посрамотиме нивното дело. Илинден е и потсетник дека не смееме да скршнеме од патот натопен со крв на хероите кои ги положија животите. Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме. Илинден и последниот здив на комитетите и партизаните кои гинејќи за каузата беа верни на делото Смрт Или Слобода“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ од Ташмаруниште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1