Правдата е замолчена а криминалниот октопод царува .Ова специјално јавно обвинителство веќе не е алтака за носење на правда туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење неправди неможе да се очекува праvда од нешто штo не само ја навредува нашата интелегенција туку служи и за постмев изјави во струшкото село Ташмаруништа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Не може да се очекува правда, од нешто што не само што ја навредува нашата интелегенција туку служи и за потмсев. Па еден ден ќе слушнете како Катица го загубила телефонот, вториот ден дека тој бил кај снаата, а третиот ден таа форензички го исчистила. Се ќе направат да ја спасат од обвинение, не затоа што Заев е многу хуман а Катица невина, туку затоа што Катица премногу знае, а Заев се плаши да не проговори за сето она што го правеа со СЈО-како местеа случаи, како креираа случаи за да уценуваат бизнисмени за рекет, како креираа случаи за да можат да влијаат врз однесувањето на политичарите, како прогонуваа и заштитуваа криминал, тоа е алатката со која Зоран Заев дојде и сака да се одржи на власт. Но, сега за сето ова знае и опозицијата и дел по дел ќе знае и народот во Република Македонија.
А ако процени дека и Јанева станува штетна за премиерот бидете сигурни дека Рускоска обвинителството ќе стапи на сцена и некое утро ќе бидеме сведоци како се откажал и од Јанева, исто како што ќе се откаже и од сите други криминални ликови само да го заштити својот криминал и криминалот на своето семејство. И бидете сигури дека тоа лажно ќе сака да го прикаже како некаква борба за правда,во период кога знаат дека правдата со Заев не е можна, истакна Мицкоски.
Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме .Гоце Делчев е македонска светост за која ќе се бориме секогаш а ние сме македонци од Македонија порача Мицкоски.
Во својот говор Мицкоски ги спомена и Јане Ченто и сите други притворени за 27 април кои како што рече неправедно седат во затворите и се под политички прогон.
Тој во говорот повика и на подршка за победа на следните предвремени избори за да не му се даде шанса на Заев да продолжи со уништувањето на Макеодонија.