Мицкоски: Народот нема да му ги прости двете лаги на Заев, онаа за живот и дека ќе не внесат во ЕУ


„Јас се сеќавам кога Зоран Заев велеше на неколку минитинзи за време на претседателските избори: – еве бев со канцеларката Меркел, бев со претседателот Макрон, носам добри вести, добиваме дата… Дојде јуни, ајде јуни не добивме датум, па јули се споменувше како можен датум.

Потоа се репроектираше желбата таму некаде октовмри сигурно добиваме и тн. Дојде, помина октомври помина состанокот на Европскиот совет, поминааа состаноците на министрите, на шефовите на делегацијата во рамките на Брисел, од тоа нема ништо“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „КланДебата“.
Тој во своето гостување потенцираше дека целокупната кампања што беше последна која е практично завршница на еден круг кој започна со предвремените парламентарни избори во 2016, се темелеше на две големи лаги.
-Првата голема лага беше кампањата „За живот“, велеа ќе донесат живот, а во суштина донесоа „многу убав живот“ , и втората работа којашто ја донесоа, а која се темели исто така на голема лага е едно огромно разочарување за политиките што се водеа за интегрирањето на нашата држава, на Македнија во рамките на европската унија, т.е да бидам попрецизен, за добивање на дата за отпочнување на членство“, истакна претседателот Мицкоски.
Мицкоски додаде дека овие две големи лаги се основа на кои Зоран Заев и СДСМ ги темелеа сопствените кампањи за време на предвремените парламентарни избори во 2016, за време на локалните извори октомври 2017 и за време на претседателските избори арил 2019.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1