Мицкоски по скандалозното интервју на премиерот: Загрижен сум дека Заев може да го начне македонскиот идентитет


Народот ќе излезе на улица доколку Владата го начне македонскиот идентитет, а јас ќе бидам во првите редови, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по како што го нарече скандалозното интервју на Зоран Заев за Бгнес. Тој ги повика граѓаните и будно да следат што ќе правата македонската Влада и Заев наредниот период.

-Алармирам сега, за да не да биде предоцна, алармирам за да не се случи уште едно големо, огромно разочарување. Го повикувам македонскиот народ, ги повикувам сите оние кои што се дел од македонската нација, не само во Македонија, туку и надвор будно да го следиме овој процес на преговори кој што го води оваа Влада на Зоран Заев, затоа што загрижени сме дека тој може да го начне македонскиот идентитет. Ги предупредувам во Владата на Заев да не си играат, да не го начнуваат, да не си играат со македонските идентитет, бидејќи на тој начин ќе се соочат со сиот гнев на македонскиот народ, изјави Мицкоски.

Мицкоски изразува загриженост и за тенденцијата на Заев за менување на карактерот и улогата на македонските херои, што според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е упад и фалсификат на македонската историја.

-Заев во ова скандалозно интервју ја негира антифашистичката борба на граѓаните, и нашето право да се повикуваме на тоа наследство. Тој прифаќа дека овде постоела бугарска администрација и практично македонските борци за независна македонска држава кои што се бореле против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна ги изедначува со истиот тој окупатор за време на ова интервју, изјави Мицкоски.

Мицкоски смета дека Заев со тезите кои ги кажа во интервјуто за Бгнес, ја загрозува иднината на македонските граѓани. Тој е загрижен и затоа што ова интервју може да се толкува и како прв чекор кон откажување од македонското малцинство, кое живее во Бугарија, а со тоа и поништување на сите пресуди кои што меѓународните судови ги имаат изрезечено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1