Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата во семејната пекара на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.
„Овде не се работи за „случаен“ пожар каков му се случи на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на власта на СДСМ. Таму треба да се бараат нарачателите и инспираторите на сето ова“, обвинува Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова е израз на целосна немоќ и страв од пораз. Мицкоски изрази поддршка за Мисајловски коментирајќи дека ако ако пораката која сакала власта да ја испрати кон опозицијата е страв, тогаш нивниот одговор е одлучност.