Во разговорите што ги имавме со балканските лидери констатиравме дека имаме приближно слични епидемиолошки податоци, и ќе бидеме подготвени целосно да ги отвориме нашите копнени граници со соседните земји, проценуваме, на 15 јуни, ако нешто драстично не се смени, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата во Солун со префектот на областа централна Македонија Апосотолос Ѕиѕикостас.
Ѕиѕикостас рече дека тие оваа година ќе му дадат тежина на копнениот туризам, кој „колку е можно, може да го спаси туризмот“, додека пак Мицотакис истакна дека често во Грција се заборав „дека повеќе од десет милиони посетители, доаѓаат по копнен пат во земјата“.
-Северна Грција има предност, бидејќи е повеќе зависна од патниот туризам, од земји кои досега многу добро успеаа да се справат со пандемијата. Според тоа, не ни создаваат особена епидемиолошка загриженост за да можеме да ги отвориме границите со некои основни контроли со земање случајни примероци и секако, секогаш, придржувајќи се до сите протоколи за безбедност, рече Мицотакис.