Стотици мигранти, кои веќе седми ден се заглавени на македонско-грчката граница се обидоја да влезат во државата уривајќи ја бодликавата жица.
Дел од нив фрлаа и со камења по полицијата, додека други на колена викаа „Сакаме да одиме во Германија”.
Неколку мигранти претрчале во Македонија, но набргу биле приведени од полицијата.
Најмалку десет мигранти блокирани на границата и вчера продолжија да штрајкуваат со глад, а некои со зашиени усти и со испишани пораки по лицата и по телата.
Во моментов, на македонско-грчката граница има околу 1 500 мигранти кои заглавија во меѓузоната, откако меѓународната заедница одлучи да се пропуштаат само бегалците од воените жаришта во Сирија, Авганистан и Ирак.