Криволак би можел да биде иден камп за мигрантите кои ја натиснаа Европа. Како што дознава Локално.мк од анонимни извори на агенциите на ЕУ за миграции EASO и високиот комесар на ОН за делата на бегалците, веќе имало посета на полигонот Криволак и се размерувало ги гледале и проценувале капацитетите, и колава бројка на мигранти и бегалци би можела да се смести веднаш.
Истите извори велат дека веќе и правеле попис што се има и што треба да се доопреми за иднот камп за бегалци.
Нема информација дали претседателот Ѓорѓе Иванов по средбите во Брисел, за оваа зборувал и бил известен за оваа опција на правење камп за мигранти на Криволак, но јасно е дека ваква тема била отоврена во Брисел.
Нема шанси да се постават бегалски кампови во Македонија и другите земји кои не се членки на ЕУ затоа што тоа може да доведе до нивна дестабилизација, предупредил на состанокот во Брисел македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Тој побара Македонија да се интегрира во европскиот безбедносен систем и нема против распоредување на Фронтекс на границата со Грција.
Повеќе на Локално.мк
Нема шанса да се градат бегалски кампови – Македонија и Србија ја откачија ЕУ