Фронтменот на легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ веќе има седум деца од минатите врски, а со 29-годишната девојка и балерина Мелани Хамрик го чека осмото дете. Веста за британски „Сан“ ја потврди и портпаролот на Мик Џегер.
– Ова е одлична вест, Мик ништо не може да го спречи. Тој е неверојатна поддршка на својата девојка – рекол извор. За неговата 43 години помлада девојка сите имаат само пофални зборови.
– Таа е интелигентна и има план како животот ќе ѝ изгледа. Знае дека Мик со сите свои деца е во одлични односи и едвај чека да се породи. Веста за бременоста ја дочекаа со веселба – окрил извор.
Мик и Мелани првпат почнаа да ги поврзуваат во јули 2014 година, кога заедно беа видени во хотел во Цирих кадешто престојуваa. Мик има четири деца со поранешната сопруга Џери Хол, која сега е во брак со Руперт Мурдок. Мик и Џери беа заедно 22 години.
Со Бјанка Џегер ја доби ќерката Џејд, а со пејачката Марша Хант ќерката Карис. Со бразилската манекенка Лучиана Гименез Мора го има 16-годишниот син Лукас. Мик има пет внуци и еден правнук.
Пред две години доживеа шок кога неговата тогашна девојка Лврен Скот изврши самоубиство во својот стан на Менхетн. Тие беа заедно 13 години.