Милан Поповиќ ја тужи Северина: Мајката исчезна, цел месец не доаѓа по синот


Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, кој со хрватската пејачка Северина Коиќ има син, тврди дека пејачката исчезнала. Тој вели дека Северина веќе еден месец не се јавува на телефон, не одговара на пораките, ниту доаѓа по детето, пишува РТЛ, пренесе српски „Курир“.severina-milan

Фактот дека на средината на октомври поради проблемите со гласните жици морала да ги одложи претстојните концерти ги поттикна гласините дека пак е бремена, но тоа остана на ниво на шпекулации. Сега во сето тоа се вклучил и Милан Поповиќ, таткото на нејзиното дете Александар, кој вели дека воопшто не му се јавува и не доаѓа по детето.

– Детето не го носела во градинка ниту го превземала од градинка повеќе од еден месец, ги откажа концертите, на моите СМС-пораки не одговара. Кога ги поврзав сите факти, сфатив дека, едноставно, мајката на нашиот син – исчезнала – рекол Поповиќ.

Тој додава дека Александар поради тоа останал кај него, бидејќи не сакал да им го предаде на „трети страни“.

– Притоа, цело време ја информирав мајката каде сме и ѝ давав предлози дека во секој момент лично може да дојде кај него – рекол тој за РТЛ.

Сепак, пред неколку дена детето го предал на бабата, а наредното утро го поминал во загрепската полиција. Пред десетина дена адвокатите на Северина го тужеа дека, лаички речено, го киднапирал детето и го однесол во Белград. Меѓутоа, Поповиќ тврди дека се обидувал да ја реши ситуацијата, и дека не го интересира каде е мајката на неговото дете.

Менаџерот на Северина Томислав Петровиќ одговорил кратко на прашањето на РТЛ за тоа каде се наоѓа Северина:

„Северина нема намера преку медиумите да разговара со Милан Поповиќ, ниту да ги образложува неговите лаги.“

Српски „Блиц“ пишува дека Поповиќ против Северина поднел кривична пријава во хрватската полиција поради негрижа за детето.

Да потсетиме, Милан против Северина и нејзе блиски личности покрена речиси 30 тужби во намера да добие целосно старателство над Александар, но сите тужби ги изгуби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1