Милена Дравиќ во болница, актерката во лоша здравствена состојба


Прославената српска актерка Милена Дравиќ (76) е хоспитализиран во една приватна болница во Белград каде и се вршат испитувања.

На српската актерка по смртта на сопругот Драган Николиќ здравјето и е нарушено, па лекарите одлучија дека е добро во овој момент да биде згрижена во болнциа и да има целосна нега.dragan nikolic milena dravic

Тим од најдобри лекари моментално се грижи за нејзиното здравје и се обидува да и помогне да ги надмине здравствените тегоби, кои се засилени поради загубата на сопругот, а на помош и пристигнаа и колеги од Франција.

Нејзините пријатели се надеваат дека наскоро ќе излезе од болница и ќе продолжи да го работи она што најдобро го знае и умее, а тоа е да снима филмови и серии.

Пред 7 ипол месеци почина нејзината голема љубов Драган и таа оттогаш се обидува барем малку да ја надмине болката.

Пријателите и колегите се трудат да и помогнат колку можат, а неодамна доби понуда да игра во филмот на Милан Караџиќ „Бисерот на Бојана“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1