Милијардер ѝ понудил на актерка два милиона долари на за секс!


Канадскиот милијардер Дерил Кац на потежок начин сфатил дека со парите не може да се купи сè. Имено, арогантниот тајкун ѝ понудил на бразилската актерка дури два милиони австралиски долари да спие со неа. Меѓутоа, за разлика од филмот „Непристојна понуда“, во кој Роберт Редфорд ѝ понуди на Деми Мур милион долари за да спие со неа, на Кац една жешка ноќ не му била доволна. Тој имал план да спие со бразилската актерка Грејс Санто најмалку шестпати месечно во текот на целата година!milijarder

За несреќа за Кац, целата приказна дошла и до сопругот на убавата Бразилка, инаку професионален коцкар и измамник на кого сите казина во светот му го забраниле влезот. Тој одлучил да ја убеди сопругата да го тужи милијардерот и да дојдат до парите на полесен начин.

Сопругот Роберт Кипријани поднел тужба, во која се наведува дека милијардерот ја уништил нивната репутација. Од друга страна, оженетиот милијардер тврди дека обвиненијата се лажни, злонамерни и сосема неосновани.

Во тужбата поднесена во судот во Њујорк, Кипријани тврди дека оженетиот сопственик на хокеарскиот клуб „Едмонтон ојлерс“ Дерил Кац ѝ понудил на неговата сопруга Грејс 20.000 долари за секс, при што блиските средби ги предвидувал шестпати месечно, што значи дека за една година би „заработила“ 1,44 милиони американски долари.

Меѓутоа, Кипријани тврди дека „напалениот“ тајкун со месеци ѝ се нафрлувал на неговата убава сопруга, сè додека не му пукнал филмот и на Хаваите ѝ дал „понуда што не може да се одбие“. Тој барем мислел дека не може да се одбие, но верната Грејс останала цврсто на земјата. Кипријани тврди дека Кац, чиешто богатство се проценува на 3,5 милијарди долари, повеќепати се обидувал да ѝ се приближи на неговата сопруга во месеците по првата понуда на Хаваите.

Грејс Санто, која глуми во американската комедија „Девицата Џејн“, го пријавила случајот во полицијата во ноември 2015 година, тврдејќи дека ја одбила понудата.

– Со себе го донесе и роднината, кој ми вети дека ќе ми помогне во актерската кариера. Тој роднина, се вика Гелмон, постојано повторуваше колку Кац е богат и моќен – рекла Грејс.

Во меѓувреме дошол и Кац…

– Ми рече дека може да ми обезбеди добра улога во некој филм, но на крајот спомна дека му е наједноставно да ми даде пари. Рече „дека станува збор за милиони“ – додала Грејс.

Таа била вчудовидена, само го прашала Кац што треба да направи. Одговорот бил јасен.

– Барам секс! – рекол милијардерот.

Убавата Бразилка била целосно шокирана и само истрчала од апартманот. Меѓутоа, тука не бил крајот на нејзините маки.

– Човекот ме опседнуваше. Мислам дека причината е затоа што ги одбив неговите милиони – рекла Грејс.

Неколку недели подоцна Кац со приватен авион дошол од Лос Анџелес и ја убедил Грејс пак да се најдат на вечера. Во меѓувреме, тој наводно ѝ пратил 20.000 долари. Кутрата убавица повторно помислила дека милијардерот ќе ѝ помогне во актерската кариера, но веќе во уводните минути на репертоарот била приказната за сексот.

– Не сум проститутка! – врескала Грејс и веднаш побегнала.

Нивната следна средба ќе се случи на суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1