Милијардерот ја остави ќерката на Путин поради старлета


Многу мистерии ја опкружуваат приказната за разводот на ќерката на Владимир Путин Јекатерина Тихонова (31) и рускиот „најмлад милијардер“ Кирил Шамалов (35), но се сомнева дека е покренат на почетокот на 2017 година, бидејќи тој ја започнал врската со руската старлета и поранешна манекенка Жана Волкова, пишува британски „Сан“.

Танцот на вљубените

Според наводите, Шамалов со разводот би изгубил речиси половина од своето богатство (околу 400 милиони фунти) откако го поврзале со Волкова, а скандалот е откриен кога таа била фотографирана додека „вљубено“ танцува со мистериозен маж на прославата на Денот на вљубените минатата година.

Лицето на мажот намерно е прекриено со илустрација на емотикон кој се смее, но тој и покрај тоа многу потсеќал на Шамалов. Сепак, ниту тој, ниту таа не сакале да ги коментираат наводите на медиумите.

Кремљ инаку има политика да одбива да дискутира за што било поврзано за рускиот претседател па така никогаш не стасала ни потврда дека Екатерина се омажила во 2013 година. Освен како ќерка на Владимир Путин, таа во јавноста е позната и по танчарските натпревари на кои учествувала. Воедно, постојат и одредени наводи дека Путин ја подготвува како потенцијален наследник во 2024 година.
Екатерина се омажила за Шамалов на раскошна церемонија во одморалиштето „Игора скај ресорт“ во Санкт Петербург во текот на кој се возеле и со традиционалната кочија кој ја влечеле три бели коња. На сите гости им било наложено да не зборуваат за венчавката, а немало ниту официјално соопштение, бидејќи Путин не дозволува соопштенија за неговото семејство.

Падот на милијардерот

Секако, бракот го лансирал Шамалов до статус на милијардер, но клучно била новата доверба која му била дадена како член на семејството на рускиот претседател. „Сан“ уште наведува дека се верува дека пред свадбата добил и 4,3 отсто од уделот на гасниот гигант „Сибур“, како и дека анонимни извори соопштиле дека во април минатата година бил принуден да го отфрли својот процент.“ Поедини наводи ги демантирале луѓе блиски на Шамалов.

Сепак, неговото богатствп минатата година е проценето на околу 1,3 милијарди долари, додека според неодамнешната проценка на „Блумберг“ тоа сега изнесува 800 милиони долари. Извор близок до Шамалов рекол дека неговите загуби немаат никаква врска со неговиот брак или односот со семејството Путин.

Веста за разводот на двојката ја објавил весникот „Блумберг“ во четвртокот, наведувајќи четири неидентификувани извори. „Ведомости“, почитуван руски весник, објавил снимка на Фејсбук која го прикажува Шамалов со новата девојка, Жана Волкова. Тој во декември 2017. година на својот приватен профил поставил фотографија и напишал „Те сакам“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1