Милијардерот кој ја купи скапата слика од Модиљани бил сиромашен продавач на чанти


Кинескиот колекционер Лиу Јикиан кој го шокираше светот кога за сликата на Модиљани даде 113 милиони фунти, вели дека бил сиромашен продавач на чанти и признава дека воопшто не се разбира од уметност.

52 годишниот милијардер ја купи сликата „Nu Couche“ откако даде највисока понуда на аукцијата во Њујорк – 113 милиони фунти!2E4BC4ED00000578-3313580-image-m-42_1447244283395

Минатата година тој платил 21 милион фунти за чаша од времето на династијата Минг, стара 500 години, за да се напие чај од неа и да види „какво е чувството“.

Гордиот сопственик на уметничкото дело признава дека нема познавања од културата и уметноста како што некој би помислил, со оглед на материјалното богатство и колекцијата на уметнички дела кои ги поседува.

Роден е во сиромашно семејство во Шангај. Го напуштил училиштето на 14 години и и помагал на својата мајка да продава чанти на улица.

Набргу момчето развило чувство за бизнис и нашло начин да ги продава чантите поефтино од уличната конкуренција. Работата тргнала толку добро што успеал на својата мајка да и отвори дуќанче каде ќе ги продава чантите.

Потоа почнал да вози такси, а во деведесеттите го направил решавачкиот чекор кој го катапултирал меѓу богаташите – инвестирал на берза.

Според Форбс денеска неговото богатство изнесува милијарда фунти.

Лиу и неговата сопруга станале исклучително посветени колекционери. Трошеле милиони на вредни уметнички дела и древни предмети од Кина и пошироко. На почетокот Луи вели дека на аукциите давал подобри понуди од останатите за делото за кое имало најголем интерес, а потоа прашувал зошто е тоа дело вредно. Сега поседува толку уметнички дела, порцелан, калиграфија и предмети со исклучително археолошко и традиционално значење, што отворил сопствен музеј во Шангај кој содржи 2 300 уметнички дела во негова сопственост.

Музејот е отворен во 2012, а во 2017 во него ќе биде изложена сликата на Модиљани со што ќе се одбележи пет годишнината од музејот – пишува „The Sun“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1