Милијардерот Сорос (83) се жени 3 пат – со 40 години помлада жена


Американскиот милијардер Џорџ Сорос, кој неодамна го прослави својот 83-ти роденден, се жени по третпат.

bolton-soros-600x374Избраничката на познатиот американски инвеститор, чие богатство експертите од списанието „Форбс“ го проценуваат на 20 милијарди долари, е 42-годишната Тамико Болтон.

До неодамна таа се занимавала со продажба на прехранбени производи преку интернет, а подоцна основала компанија, која дава онлајн вежби по јога..

Болтон, на која ова ќе и биде втор брак, се запознала со Сорос во 2008 година, а веридбата им била објавена во август минатата година.

Свадбата, според американските медиуми, ќе трае цели три дена. Свеченоста започна синоќа во Музејот за современа уметност во Менхетн. Младоженците денеска ќе се заколнат на верност на голема церемонија, која ќе се одржи на имотот на Сорос во Бредфорд, во близина на Њујорк.

На вечерашниот прием се очекува да присуствуваат околу 500 гости, меѓу кои претседателот на Светска банка, неколку државни лидери, како и голем број познати бизнисмени и политичари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1