Скопјанката Јана Ивановска е милионитиот патник на Скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Ивановска ќе добие викенд-патување за двајца во Истанбул и парична награда.
Таа бешеедна од патниците кои денес напладне пристигнаа на Скопскиот аеродром со летот на авиокомпанијата Визер на релацијата Ајнтховен – Скопје.
– Ова е изненадување и не очекував вакво нешто, изјавила Ивановска, по пречекот на Скопскиот аеродром.
На аеродромот денекса присуствуваше раководството на концесионерот ТАВ Македонија и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски како и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.