Милица е една од 20 лица во светот со „златна“ крвна група, а му го спасила и животот дури и на првиот човек на ФИФА.
Никој во семејството ја немал таа крвна група. Дека е една од ретките на планетата, сега 80 годишната Милица Мучалица, открила сосема случајно, во шеесетите години.
-Кога останав бремена, мораа да ми вадат крв. Тоа беше во 1962 година. Во Заводот за трансфузија ми рекоа дека не што не е во ред, и дека мора повторно да ми земат крв. Тогаш дознав дека имам ретка крвна група, која ја имаат само 20 луѓе на земјата- рекла Милица.
Во една прилика кога ја оперирале и била потребна крв, но најблискиот донатор бил во Канада. Немало време, па лекарите и ги подврзале капиларите како би ја спасиле. Како член на меѓународниот регистар на ретки крвни групи, Милица често била во можност да биде донор. Еден од нив бил и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
-Ме повикаа во Заводот и ми земаа крв, бидејќи од Швајцарија им јавиле дека се родило дете кое ја има мојата крвна група. Реков дека ќе дадам, бидејќи мене нема кој да ми даде. После еден месец стигна благодарница од Швајцарија- рекла Мучалица.
-Златната крв спаѓа во таканаречениот нулти фенотип. Многу крвни системи имаат нулти фенотип. Тие можат да даваат крв на сите, а можат да примат само од својата крвна група- велат од Институтот за трансфузија на крвта на Србија.