Милошевиќ сам се труел во затворот во Хаг


Поранешната портпаролка на Обвинителството на Хашкиот трибунал, Флоренс Артман тврди дека поранешниот претседател на некогашна СРЈ и на Србија, Слободан Милошевиќ сам се труел со лекот „рифампицин“, со цел да си ја влоши здравствената состојба за да биде пуштен да се брани од слобода, а потоа да побегне во Русија.slobodan milosevic

Артман во интервју за хрватскиот неделник „Експрес“ истакна дека Милошевиќ сам се труел и оти лекот некој му го доставувал во ќелијата.

Земајќи го тој лек, кој се користи за лекување лепра, Милошевиќ го поништил дејството на лекот за висок крвен притисок.

– Од тоа лесно можел да умре, но тоа не му била целта, туку само сакал да си ја влоши ситуацијата. Милошевиќ знаел што зема, бидејќи од тој лек урината е со сина боја и јасно е дека тоа секако го забележал – наведе таа.

Според Артман, стратегијата на Милошевиќ била да ја избегне пресудата, со цел да не биде запаметен во историјата како претседател на држава одговорен за геноцид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1