Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил постираше наод од лекар, кој и дал боледување на Катица Јанева.
Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:
– Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јули до 15.Август 2019 година.
– Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност. Инаку овие дијагнози се најтешки за контрола и вештачење!
– Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор или за градење на историјат на болеста на подолг рок, при евентуални подолги судски процеси, пишува Милошоски.