Политичките партии не постигнаа договор за новиот Закон за јавно обвинителcтво, напиша на Фејсбук пратеникот и член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мегаскандал, освен владиноподобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева.