Милошоски: Иванов конзистентен политичар кој држи до принципите


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дава одлика на конзистентен политичар кој се држи до оние принципи врз основа на кои што го добил мандатот од граѓаните и до Уставот на Република Македонија врз кој дал заклетва дека ќе ја врши својата должност и функција, оцени денеска пратеникот Антонијо Милошки пратеник од ВМРО-ДПМНЕ по новогодишното обраќање на Иванов во Собранието.

– Неговата политичка зрелост да го прифати рефендумот како волја на граѓаните да го зачуваат Уставот на РМ каков што е бидејќи неуспешниот реферндум навистина е патоказ и за пратениците и за извршната власт и за претседателот дека мнозинството на граѓани не се согласува со наметнати решенија што власта се обидува преку уцени, амнестии и други политички пазарења да ги преточи во некој спротивен на волјата договор што го потпишаа, истакна Милошоски.

Нагласи дека загрижувачки е тоа што денеска првпат се слушна во историјата на Македонија од еден претседател дека тој и неговите соработници имаат сознание дека врз основа на усна наредба УБК ги следи комуникациите на претседателот на државата на неговото семејство и на неговите блиски соработници.

Милошоски посочи дека доколку ова е вистина може да се смета како еден голем минус кој создава правна несигурност и политичка несигурност не само за претседателот, туку и за сите граѓани затоа што би можел да биде условно кажано истиот или следниот врз основа на усна наредба да биде следен во неговите комуникации заради неговите политички несовпаѓања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1