Милошоски со видео на својот Фејсбук, најави дека денеска ќе биде дел од протестот за името


Пратеникот Антонио Милошоски  со видео порака на својот Фејсбук, најави дека денеска ќе биде дел од протестот за името, иако вчера ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не стојат зад протестот.

– „Утрешниот протест за зачувување на идентитетот и на уставниот суверенитет на Република Македонија, доколку биде достоинствен и мирен, без разлика што е зимно време, може да ѝ биде и од помош на државата, без разлика кој раководи со неа. Јас ќе присуствувам на тој протестен собир и ќе имам можност да бидам како еден чесен, родољубив граѓанин на Република Македонија, дел од луѓето што сметаат дека треба да бидат присутни на овој протест. Дали некој сака да присуствува или не сака, може или не може, тоа е лична работа, но мислам дека како граѓани, како нација, како народ, добро е да покажеме дека имаме став. Борбата ниту ќе почне утре, почнала многу одамна, ниту ќе заврши тука. Ќе ни треба многу мудрост, визија, трпение и аргументи. Сепак, најмногу од сè, ќе ни треба слога. И во името на таа национална слога, јас ќе ја дадам мојата поддршка за утрешниот протест“, порача Милошоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1