Антонио Милошоски денеска се огласи на Фејсбук.
– денес во 11,30ч по налог на Талат и Цветанка Иванова, Ивана Туфекџиќ, која не е претседател ниту заменик претседател на Комисијата, на диво, нелегално и спротивно на Деловникот ќе “води” седница на комисијата за надворешни работи, иако истата уредно е презакажана! Ова беззаконие денес, создава опасни преседани за владеењето на правото во Македонија утре. СДСМ збори за европски норми и стандарди, а ги погазува законите на секое поле. Граѓаните со право се загрижени дека Собранието стана најголемиот прекршувач на Законите. Зборувајте ми за демократија, закони и владеење на правото. #Бојкотирам!, напиша тој.