Полициските билтени секојдневно се полнат со информации за исчезнати жени, мажи и деца. Само лани во Македонија исчезнале 77 жени. Од нив 66 биле пронајдени,а по 11 и натаму се трага, пренесе Скопјеинфо.
Последните пријави во полиција беа за две девојки.
42-годишниот А.Ф. од Гостивар, пријавил дека на 14. месецов од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.
Се работи за 20-годишната А.Ј.
Исто така, вчера во 11 часот и 30 минути во полициското одделение Сарај, 73-годишниот Р.А. од селото Грчец пријавил дека пред околу 20 дена од семејниот дом во непознат правец се оддалечила неговата внука.
Се работи за 26-годишната П.Н.