Минимално поевтинува парното греење. Потошувачите на Балкан енерџи добија намалување од 3,1 процент, на Елем енергетика 1,13 отсто. Причини за поевтинувањето од регулаторна тврдат се намалените трошоци на компании, новиот пристап на пресметка на цените и намалената марќа за фирмите.
Засега снабдувањето со топлинска енергија останува кај бег. Од регултаорна велат дека досега новоформираното претпријатие на Град Скопје не поднело барање за добивање на лиценца за снабдување со топлиснка енергија до регулаторна. Но од комисијата велат дека не се исклучува можноста тие да се вклучат во процесот во текот на грејната сеозна.
Регулаторна за 8,4 проценти го намали и фиксниот трошок односно цената за парно што ја плаќаат исклуечните. Во септеври ќе бдие формирана и работна група која ќе има обврска да најде решение оние кои не го користат парното греење повеќе да не плажаат паушал.
Најмало поевтинување добија потрошувачите на Скопје север од 0,76 проценти. Борјот на приклучени на оваа мрежа постојано се намалува. Ако во 2000 година имало 3000 корисицнии сега се само 450.