Министерот за финансии на Република Српска, Зоран Тегелтија, сакал да покаже дека неговиот партиски шеф Милорад Додик не е единствен што умее да ги забавува луѓето.
На „Јутјуб“ се појави снимка на која Тегелтија држи говор во шатор, на некое големо славје или, пак, можеби на некој предизборен митинг, бидејќи од снимката не може добро да се заклучи за што станува збор.
Министерот за финансии на снимката е во видно алкохолозирана состојба и му се плетка јазикот, така што е многу тешко да се разбере за што говори.
Тегелтија качен на маса, во типичен манир на пијан човек, на сите им кажува колку многу ги сака.
– Јас пораснав со вас, растевме заедно, јас ве сакам. Го сакам своето село толку колку што го сакам….и потоа на цел глас вика нешто што не се разбира.