Министер по грешка убиен од припадници на обезбедување


Сомалискиот министер за јавни работи и обнова, Абас Абдулах Сираџи убиен е синоќа во Могадишу во пукотница која официјални лица ја нарекоа, по грешка.133051858-118475

Сомалиската Влада во соопштение нагласи дека „длабоко жали“ поради смртта на министерот, најмлад член на Владата кој е на функција од 2016 година.

– Врз неговото возило припадници на обезбедување на друг владин министер пукале по грешка пред претседателската палата, изјави сенаторот Илијас Абдулахи.

Сираџи имаше 31 година и пораснал во Кенија во камп за бегалци, а на неговата животна приказна многумина гледаа како на инспирација во Сомалија, земја која во изминатите 25 години минува низ конфликти и анархија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1