Германската министерка за образование Анете Шаван годинава требаше да влезе во трката за трет мандат во министерството образование. Нејзината оставка следеше четири дена откако Универзитетот во Диселдорф утврдил дека таа „систематски и намерно” препишала делови од својата докторска дисертација, како и дека ѝ е одземена титулата доктор на науки по 30 години.
„Немам намера да ја прифатам одлуката на универзитетот и ќе преземам законски чекори, односно ќе вложам жалба против таквата одлука”, изјави за медиумите Шаван. Додала дека сака да ги избегне последиците кои таквата процедура би можела да ги има по министерството, сојузната влада и партијата CDU која ја преводи канцеларката Ангела Меркел.
„Анете Шаван поднесе оставка на досегашната должност, а јас со тешко срце ја прифатив”, изјави канцеларката Меркел на прес-конференција во Берлин.
На местото од Шавана ќе биде именувана Јохана Ванка, досегашната министерка култура и наука во сојузната држава Бранденбург.