Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го осуди синоќешните настани во обранието на РМ и истакна дека дел од структурите на МВР не си ја завршиле работата за што ќе мора да сносат одговорност.
“Јас како министер во името на целото министерство ги осудувам вчерашните настани и веднаш сакам да ве известам дека дел од структурите не си ја завршија работата за што ќе има одговорност. Јас инсистирав да се формира Оперативен штаб уште на почетокот на протестите и тој штаб беше формиран. Во него се вклучени лица од министерството од сите области. Оперативниот штаб имаше формирано планови за три претпоставени ситуации – кога ќе бидат протестите мирни, кога ќе се бира претседател на Собранието и кога ќе се бира Влада”, рекол тој.
Нухиу рече дека од морални причини ќе се повлече од функцијата и дообјасни дека тоа ќе го побара од лидерот на неговата партија и ќе создаде услови за мирен трансфер на власта. Тој на прес-конференцијата во МВР го честиташе, како што наведе, изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.