Министерот Спасов ќе се жени


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов за Република откри дека својата долга врска ќе ја оззакони кон крајот на летото.

dime spasovВо неодамнешното интервју министерот со неполни триесет години рече дека има малку слободно време кое пак сака да го искористи квалитетно. Раководејќи со едно од најопсежните министерства, секако потребно е многу разбирање од идната госпоѓа Спасова.

Нејзиниот идентитет за јавноста не се открива, но Република окрива дека избраничката е долгогодишна љубов на Спасов од средношколските денови. Точниот ден не е одреден, иако и двајцата одамна се сложни тоа да не ја прават „голема“, туку мала семејна свеченост.

Не е познато дали набрзина ново семејство Спасови ќе се проширува, но според кажувањата на нивните пријатели, извесно е дека тоа ќе биде многудетно семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1