Единствена земја на светот која има министерство за коњи и во која се одржува Празник на коњите на кој се организираат разни свечености и церемонии е Туркменистан.
На свеченоста присустувале највисоките претставници на таа земја, како и претседателот Гурбангули Бердимухамедов, кој во таа прилика ги покажа и своите вештини во јавање коњ.
Претседателот, во силна конкуренција на познати јавачи на коњи освои прво место, поради што измами аплауз кај присутните гости.
На церемонијатта е одржан и натпревар за избор на најубав коњ во таа земја и победи коњот со име Коркмаз, а сопственикот за награда доби луксузен автомобил.