Министерството за одбрана со 1 милион евра ќе ја финансира пропагандата за референдумот


Со милион евра пари на граѓаните министерството за одбрана ќе учествува во јавната пропаганда за референдумот за името. Вицепремиерката денеска најави дека од буџетот на оваа институција за кампањските активности на располагање ќе се стави оваа сума.

Колку ќе потрошат останатите министерства од Владата се уште не откриваат

„Планирањето на кампањата е во тек, се собираат информации и се дефинираат детали за концептот.

Владата на Република Македонија во текот на следната недела пред јавноста ќе ги презентира сите нови информации во врска со кампањата за референдумот.“ – велат од кабинетот на Заев за Сител.

Владината седница на која се очекува официјален став за трошоците за рекламите за референдумот е закажана за во среда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1