Мирослав Лазански: Ако се согласите да го промените името, вие сте ја изгубиле душата


Не смеете да го промените името Македонија. Ако се согласите да го промените името, вие сте ја изгубиле душата, како македонска нација и држава, изјави српскиот новинар и воен аналитичар во своето вечерашно гостување во „Миленко Неделковски Шоу“.miroslav lazanski

-Неверојатен апсурд е една држава како Грција да го оспорува името на Македонија. Вие ако се согласите да го смените името, вие ако се согласите да го промените името, вие сте ја изгубиле душата, како македонска нација и држава. Сте се продале!, рече Лазански.

Лазански вели дека ако 350.000 Македонци сметаат дека ако гласаат за двојазичност, за промена на името на државата Македонија во друго име ќе живеат економски подобро, тогаш тешко можеш да се оди против тоа.

– Но се поставува прашањето, што ако после сето тоа не живеат економски подобро, тогаш нема назад. Како ќе го вратиш тоа без војна или конфликт. Тоа се опасни работи, тоа е тој популизам во политиката. Тоа е најелатантен пример за популизам, рече лазански.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1