Мисајловски: Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат да живеат во модерна општина


Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат да живеат во модерна и убава општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби. Имаме јасна и прецизна визија, знаеме и можеме да го подобриме животот во Ѓорче Петров. Нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на Ѓорче, изјави Владо Мисајловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Ѓорче Петров

Тој денеска презентираше дел од проектите во неговата програма. Меѓу нив се и проект за асфалтирање на преку 100 улици низ сите населени места во општината, изградба на нов кружен ток на улиците Ѓорче Петров и Македонска војска, подобрување на водоснабдувањето во урбаниот дел на општината, завршување на изградбата на канализацијата во Волково, Стопански двор и Кисела Јабука, поставување ново и реконструирање на постоечкото осветлување на целата територија на општината.

Мисајловски вети изградба на нови паркинг-места околу зградите, како и реконструкција и осветлување на сегашните паркинзи, две нови градинки во Волково и Ново Село и зголемување на капацитетите на градинките во Мирче Ацев, Хром и Ѓорче Петров.

Кандидатот за градоначалник вети и нови паркови, игралишта, нови детални урбанистички планови за цела територија на општина Ѓорче Петров и проект за комплетно завршување на процесот на легализација на сите дивоградби во општината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1