Кога астрономите од опсерваторијата Паркес во Австралија во 2007. година фатија мистериозен сигнал од непозната, далечна галаксија, многумина беа скептични.
Антената на радиотелескопот Паркес, широка 64 метри, фати супербрз сноп радио сигнали, кои наизглед пропатувале три милијарди светлосни години како би дошле до нас. Траело само неколку милисекунди. Наречен „Лоримеров сноп“ по астрономот кој прв го откри Данкан Лоример, се појавил уште шест пати до 2013. година, но секој пат е забележуван само со помош на телескопот Паркес.
Бројни научници изразиле сериозни сомнежи дека се работи за проблем во опремата на телескопот. Но, критиките неодамна ги запре телескопот Арекибо во Порто Рико, најголем радиотелескоп со еден приемник на светот, кој се прослави во филмот на Џејмс Бонд „Златно око“.
Астрономите од опсерваторијата Арекибо фатиле супербрз сноп, со траење од три милисекунди, чиј опис совршено одговара на сноповите кои ги открија нивните колеги од Австралија.
Научниците се надеваат дека ќе фатат уште сигнали кои би можеле прецизно да ги лоцираат.
Што би можел да биде изворот? Судир на неутронски ѕвезди и црни дупки, снопови од магнетски неутронски ѕвезди, гасење на прастари црни дупки, големи магнетни ѕвезди или неутронска ѕвезда која се претвора во црна дупка.