Триесет и едногодишната Ивана Бакиќ Бодрожиќ, чие што безживотно тело било пронајдено во хотелската соба 326 во белградскиот хотел “Hayat”, умрела како последица од вбризгувањето на двојна доза од анестетикот пропофол, пишуваат српските медиуми.
Пропофолот е интравенски седатив кој смее, само и исклучиво, да се прими во болница, од страна на анестезиолог или од единицата за интензивна нега. Овој анестетик не може да се купи во аптеките, дури ниту со рецепт за истиот.
Извор близок до истрагата навел дека покрај телото на Ивана биле пронајдени два шприца, а една од иглите и била забодена во раката. По спроведената обдукција било утврдено дека таа земала двојна доза од анестетикот и дека станува збор за самоубиство.
“Досега неколку пати била пријавена злоупотреба на овој лек од страна на здравствените работници. Ние денес треба да утврдиме дали за таков случај станува збор и во случајот на смртта на Ивана. Имаше случаи кога пропофолот бил изнесуван од болницата, меѓутоа досега никој со овој анестетик не извршил самоубиство”, додал изворот близок до истрагата, пренесува српски ”Телеграф”.
За тоа колку овој анестетик е опасен, доказ е и податокот дека во САД истиот се користи како еден од трите клучни состојки при егзекуцијата на осудениците на смртна казна, а оваа состојка беше и онаа која што го уби кралот на попот пред неколку години, Мајкл Џексон.
Станува збор за хемикалија која може да се најде само во клиниките, каде што докторите ја користат пред операциите, па очигледно е дека некој “под рака” и го продал на Ивана овој анестетик.