Полицаецот Марко Мурозовиќ (28) од Крагуевац почина синоќа во Клиничкиот центар поради тешките повреди на главата што си ги нанел самиот со пиштол минатиот вторник, по прославата на годиншнината од својата венчавка.
Лекарите залудно се бореа за неговиот живот, му немало спас, зошто од службениот пиштол си пукал во слепоочницата.
Според зборовите на колегите, ништо не навестувало дека тој ќе изврши самоубиство.
Имено, тој тоа го направи на 30 август година, во крагуевачката населба Палилула, во станот во кој живеел под кирија по прославата на првата годишнина од бракот кој на тој ден го склопил минатата година.
Како што велат очевидци, се било во ред и весело, а кога пријателите си заминале по дома, Марко го зел службениот пиштол и си пукал во глава.
Тој долго работел во полицијата во Книќ, од каде е родум, по завршеното училиште за внатрешни работи во Сремски Карловци.
Марко ќе биде погредбан утре на гробиштата во Книќ.