Како изгледа еден артефакт стар 9.500 години? Би помислиле дека се работи за некој стар камен. Еден артефакт со оваа старост изгледа како нараквица.
Нараквицата била пронајдена во 1995 година во Турција. Артефактот бил анализиран со тродимензионално скенирање, но она што го виделе научниците било повеќе збунувачко отколку информативно.
Имено, оваа нараквица била направена со уред за обликување опсидијан, односно вулканско стакло. Опсидијанот се наоѓа во вулканските места кадешто лавата се изладила брзо. Ова стакло се користело во периоди на недостаток на кристали, а од него, во минатото се правеле предмети, украси и накит.
„Мејл онлајн“ пишува за нараквицата која е направена од ова стакло. Имено, истражувачите кои работеле на набљудувањето на накитот изјавиле дека нараквицата била изработена со неверојатна стручност. Тука лежи и мистеријата. Како луѓето од едно неолитско општество можеле да направат таков накит?
Нараквицата била направена некаде околу 7.500 година п.н.е. Врз основа на податоците од последните набљудувања, може да се претпостави дека нараквицата е стара двојно повеќе бидејќи сонцето делува на радиоактивните материјали со кои се открива староста на артефактите, пренесува „Мејл онлајн“.
Fakulteti.mk