Бермудскиот триаголник зафаќа огромен дел од Атлантикот меѓу Флорида, Порторико и Бермудите, а под таинствени околности во таа зона, во изминатите неколку векови, исчезнале десетици авиони и бродови. Некои статистики наведуваат дека таму, животот го загубиле повеќе од 8.000 лица, а поради сето тоа, ова подрачје го добило името Ѓаволски триаголник, Триаголник на смртта, Гробиштата на Атланскиот океан…
Легендите за Триаголникот започнале во 1950 година, кога Едвард Ван Винкл Џонс, за Асошиејтед прес напишал за неколку случаи на исчезнување бродови и авиони на тоа подрачје. Меѓу нив се исчезнувањата на пет воени авиони во 945 година, авионот Стар тајгер во 1948 и Стар ариел во 1949. без трага во несреќа исчезнале 135 лица.
Мистеријата на Летот 19- Бројот на забележани исчезнувања драматично се зголемил од 20 век, а поимот прв го користел Винсент Гадис, кој во текстот Смртоносниот Бермудски триаголник, во 1964 година пишувал за веројатно најпознатата мистерија поврзана за ова подрачје. Се работело за исчезнувањето на мисијата Лет 19. Дури пет американски воени авиони ТБМ Авенџер со 14 членови на екипажот, исчезнале на петти декември 1945 година, а исчезнал и авион со 13 лица, кој тргнал во нивната потрага. Кога започнало да се пишува за оваа мистерија, спорна била изјавата на поручникот Чарлс Тејлор, кој ја водел мисијата: „Нешто не е во ред, не знаеме каде сме, водата е зелена и бела…не доаѓајте по мене! Изгледаат како….“
Вонземјани киднапираат луѓе низ временски дупки- Книгата на М.К. Јесуп „Случајот за НЛО“ од 1995 година, била првата која Триаголникот го поврзуваат со вонземјани затоа што никогаш не се откриени тела, ниту остатоци од бродовите и авионите. Голем број исчезнувања биле поврзувани со чудни случувања. Некои теории наведуваат дека на дното од океанот има вселенски брод кој влијае на нашата технологија, а друга пак вели дека Бермудскиот триаголник е портал за друга димензија. Се вели дека авиони или бродови кои ќе се најдат на погрешно место во погрешно време се киднапирани или префрлени низ времето и просторот.
Атлантида под Триаголникот- Изгубениот град Атлантида се наоѓа во средиштето на Бермудскиот триаголник, а таму останала некоја технологија која е виновна за исчезнувањата. Поддржувачите на оваа теорија, велат дека се работи за силни кристали, кои некогаш се користеле за напојување на градот.
Паднала комета- Една од теориите наведува дека пред 11.000 години, на ова подрачје паднала комета, која има необични електромагнетни својства, кои ги попречуваат компасите и навигацијата.