Мистеријата на исчезнатиот Боинг: Пилотот е главен осомничен за несреќата


Пилотот на мистеризно исчезнатиот авион Захарије Шах (53) е прогласен за главен осомничен во официјалната истрага.

После 170 направени информативни разговори, истражителите утврија дека тој е единствен виновник за исчезнувањето на авионот на линија  MH370 под условот дека човечкиот фактор е виновен за исчезнувањето.

avion_pilotКриминалистичката истрага ги опфати сите луѓе кои на 8 март се најдоа во авионот кој леташе од Куал Лампур за Пекинг, но потврдено е дека единствен можен сомнотелен е капетанот.

Британскиот „Сандеј тајмс“ пишува дека од целокупната посада само полототКан, инаку татко на три деца, немал никакви планови за иднината, ниту социјални ниту работни. Останатите членови, вклучувајќи го и копилотот Фарик Хамид, не се споменати во контекстот на оваа теза.

„Тајмс“ тврди дека полицијата била свесна на гласините кои го прателе пилотот. Станува збор за неговите семејни проблеми, најмногу со сопругата. Меѓутоа сопругата на пилотот и неговите пријатели се побунија и истите гласини ги отфрлија.

malezija--boingДруга работа која фрла сомневање на капетанот Шах е симулаторот на летот кој е пронајден во неговата куќа. Во симулаторот биле програмирани писти за кои има сомневање дека би можеле да бидат упоребени во случај на киднапирање на авион. Некои писти се наоѓаат и на подрачјето на Индискиот океан, каде во последно време се води интензивна истрага. Иако датотеките биле избришани од симулаторот пред да ги пронајдат истражувачите, професионалци успеале да ги вратат.

Резултатите од истрагата засега се насочени кон странски влади и нивни истражувачи, а од нив се очекува да се испитаат и евентуално да ги отфрлат другите можности, како што се механички проблеми или тероризам.

„Полициската истрага се`уште трае, и би било неправедно некој да се обвини“, порачуваат од малезиската полиција и додаваат дека сите можности се разгледуваат.

Во меѓувреме, речено е дека на крајот на јуни ќе биде објавена нова зона на истрагата за исезнатиот авион, а од Австралија стигна вест дека ќе се преселат јужно од моменталната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1