МИСТЕРИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Каде исчезна Владимир Путин?


Мистеријата продолжи и денеска. Поминаа седум дена, а Владимир Путин никој не го слушнал ниту видел. Откажа два важни состаноци, а се откажа и од официјалната посета на Казахстан.

Последен пат е виден на состанок со италијанскиот премиер Матео Рензи. Во секој случај, чудна ситуација за човек кој ги „бомбардира“ светските медиуми речиси 365 дена во годината.slike_svet_6_vladimir_putin1_939301746

Откако ја откажа посетата на Казахстан, тамошен владин претставник рекол дека Путин е болен, а таа изјава ги алармира сите во Кремљ и уследија низа деманти.

Последната реакција е од неговиот портпарол Димитриј Песков кој за московска радио станица рекол дека нема причини за грижи, и дека здравјето на Путин е совршено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1