Во Сибир е организирана итна експедиција откако се појави мистериозен голем кратер, широк околу 80 метри, во област богата со подземни гасови, пишува The Siberian Times.
Кратерот е снимен на сибирскиот полуостров Јамал, чие име во превод значи „Крајот на светот“.
Според првичните заклучоци на научниците, можно е дупката да е последица од глобалното затоплување, односно можно е земјината површина на ова подрачје богато со гас буквално да излетала како тапа од шише шампањ поради глобалното затоплување.
Според друга теорија можно е кратерот да е последица од пад на метеор.
Тимот научници треба да утврди што навистина се случило во овој дел на Сибир. Тие ќе земат примероци од почвата, водата и воздухот од местото на настанот, пренесува Daily Mail.