Министерството за вонредни ситуации соопштило дека непријатниот мирис бил предизвикан од истекување од погон за преработка на сулфур диоксид во една рафинерија во Москва.
Според соопштението, нивото на сулфур водород кратко време било над дозволеното, додека нивото на сулфур диоксид останало во дозволените рамки. И двата гаса се нуспроизводи на преработката на нафтата.
Чудниот мирис и маглата предизвикале паника на социјалните мрежи и локалните медиуми, пренесува Раша тудеј.
„Луѓе, ја знае ли некој причината за маглата и смрдеата во Москва? Во поголем дел од градот се чувствува сулфур водород“, напишал на Твитер Сергеј Красилников.
„Смрдеата минува дури и низ затворени прозорци“, напишала Асја Затива.
На чудниот мирис се пожалиле и пратениците во рускиот парламент, но не ја прекинале работата.