Мистериозна смрт на раперката: паднала на чаша и си го пресекла вратот!


Шармејн наводно паднала и се пресекла на стаклена чаша. Сопругот веднаш повикал Итна помош, но пејачката веќе изгубила премногу крв.

Членката на бендот “Brownstone”, кој бил популарен во 90-тите години, починала во 47-та година од животот. Шармејн Максвел со синот Николај била на натпревар во Лос Анџелес, а потоа заминала дома.charmayne-maxwell-misteriozna-smrt-04

Кога во околу 9 часот навечер, нејзиниот сопруг и продуцент Карстен Соулшок пристигнал дома и ја пронашол без свест со рана на вратот веднаш повикал Итна помош, пишува TMZ.

Шармејн наводно паднала и се пресекла на стаклена чаша. Сопругот веднаш повикал Итна помош, но пејачката изгубила премногу крв. Таа починала на пат кон болница.

Нејзиниот брат Брендон ја потврдил нејзината смрт по пат на социјалните мрежи. “Почивај во мир моја прекрасна сестро. Мојата сестра почина на најгрозен можен начин. Премногу патам поради тоа”, напишал тој.

Групата “Brownstone” е најпозната по хитот “If You Love Me” од 1995-тата година. Песната добила и номинација за Греми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1