Две сестри од Саудиска Арабија беа пронајдени мртви во реката Хадсон во Њујорк, а како што соопштија властите, сестрите биле залепени една за друга со леплива лента во вид на крст, но и по неколку дена од нивното пронаоѓање сè уште не е познато под кои околности тие загинале.
Според резултатите од истрагата досега, тие биле живи кога влегле во водата, пренесува лондонскиот весник „Дејли мејл“.
Полицијата најпрвин се сомневаше дека саудиските сестри извршиле самоубиство со скокање од мостот „Џорџ Вашингтон“ во Њујорк, но на нивните тела не се пронајдени повреди што би ја потврдиле оваа теорија.
Нивните тела не биле во фаза на распаѓање кога биле пронајдени од случајни минувачи, па врз основа на тоа иследниците заклучиле дека девојките биле живи долго време.
Станува збор за сестрите Ротани и Талаи Фареј од Саудиска Арабија, кои се школувале во САД заедно со својот брат. Двете девојчиња се на возраст од 22 и 16 години.
Полицијата објави фотографии од сестрите со цел помош во истрагата за нивната мистериозна смрт. Инаку, нивното исчеззнување беше пријавено во август годинава.