Мистериозна смрт на шестмина поранешни украински функционери за само шест недели


Шестмина поранешни украински функционери и соработнци на сменетиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, починаа под мистериозни околности во период од само шест недели, пишуваат лондонските медиуми.

Полицијата и Министерството за внатрешни работи во Киев тврдат дека во сите шест случаи станува збор за „самоубиства“, иако се соопштува дека истрагата за смрта на овие луѓе продолжува, дека се истражуваат и други причини за смрта, па дури и дека станува збор за убиства.ukraina funkcioneri smrt

Најновата жртва е поранешниот гувернер на Запорожје, Александар Пеклушенко (60), кој беше пронајден мртов во едно село близу градот Запорожје во јужна Украина. Во првиот полициски извештај се вели дека Пеклушенко извршил самоубиство, но украински извори за медиумите во Лондон откриваат дека поранешниот гувернер имал рани од огнено оружје на грбот.

Тој беше гувернер на овој украински регион од 2011 до 2014 година. Новите власти во Киев го обвинуваа дека наредил растерување на демонстрантите собрани на плоштадот во Запорожје со помош на платеници.

Таквото обвинување не беше докажано, но тој остана осомничен. Пеклушенко беше и функционер на поранешната владејачка Партија на регионите (ПР) на Јанукович, која своето упориште го имаше во сите девет јужни и источни украински региони.

На 9 март, во неговата бања беше пронајден мртов и поранешниот пратеник на ПР, Станислав Мелник. Девет дена и пред тоа, заменик лидерт на Партијата на регионите, Михајло Чечепов изврши, наводно, самоубиство, фрлајќи се од 17-от кат на станбената зграда во која живееше.

Три дена пред тоа, на 25 февруари, поранешниот градоначалник на јужнот град Мелитопољ, Сергеј Валтер беше најден обесен во својот стан, а ден подоцна, во неговата куќа беше откриено и мртвото тело на Александар Бордјух, заменик шеф на полицијата и близок соработник на градоначалникот Валтер.ubistva2

На 29 јануари годинава, украинската полиција го најде обесен и поранешниот потпретседател на регионалната Влада на Харков, Александар Колесник.

Според британската Би-Би-Си, сите овие случаи украинските власти брзо ги затвораат, констатирајќи дека сите шестмина се „самоубиле“, не трудејќи се да ги откријат мотивите за таквата нивна постапка.

Во февруари 2014 година, тогашниот претседател Јанукович го напушти Киев и преку Источна Украина се префрли во Русија. Руските власти сега проценуваат дека доколку не му се помогнало на Јанукович да ја напушти Украина, тој „сигурно би бил ликвидиран“.

Лани во март, користејќи ја насилната смена од власта на Јанукович, Русија со операција во која не беше испукан ниту еден куршум, изврши анексија на полуостровот Крим, каде од претходно беше стационирана руската Црноморска флота. Во април 2014 година започнаа првите воени судири во Источна Украина, делови од земјата, што според Би-Би-Си, беа и остануваат силно упориште на поранешниот украински претседател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1